Создаден „вештачки живот“

Американските научници велат дека го развиле првиот синтетички организам на светот.

 |  Маја Савиќ  | 
kletka
синтетичка клетка

sinteticka kletkaВо текст во магазинот „Сајанс” тимот предводен од Крег Винтер, вели дека Де-ен-ка создадена од хемикалии била внесена во бактерија од која била отстранета нејзината Дезокси-рибо-нуклеинска киселина, а организмот потоа растел и се размножувал.

Самиот Винтер ова го нарекува „почеток на нова индустриска револуција”.

Експертите ова го гледаат како чекор поблиску кон создавање вештачки живот.

Но критичарите предупредуваат дека вештачките организми може да бидат опасни доколку се пуштат во природата.

Генетски софтвер

Научниците велат дека дсоздале 2генетски софтвер“ кој потоа го трансплантирале во клетка-домаќин.

Микробата што потоа почнала да живее изгледала и се однесувала како што и налагала синтетичката ДНК.

Доктор Вентер за БиБиСи рече:

-“Сега сме во сосотојба да го земеме нашиот синтетички хромозом и да го пресадиме во клетка на примачот – во различен организам.. Откако новиот софтвер ќе влезе во клетката, таа го чита и се престора во вид кој е специфичен за тој генетски код.”

Новата бактерија се размножила околу милијарда пати, произведувајќи копии кои го содржат и се контролирани од конструираната, синтетичка ДНК.

„Ова е прв пат синтетичка ДНК да ја има целосната контрола на клетката“ – објаснува Вентер.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top