Солзавец и водени топови на насилните протести во Брисел

Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Брисел за да протестираат против заострените мерки што белгиската влада ги воведе за да се спротивстави на големиот пораст на случаи со коронавирус.

 |   | 

Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Брисел за да протестираат против заострените мерки што белгиската влада ги воведе за да се спротивстави на големиот пораст на случаи со коронавирус.

Многумина протестираа и против советите да се вакцинираат и можното воведување задолжителна вакцинација, пренесе АП.

Демонстрантите носеа огромен транспарент на кој пишува „Заедно за слобода“.

Дел од демонстрантите започнале да ја провоцираат полицијата и да фрлаат секакви предмети кон кордонот специјалци, по што тие возвратиле со солзавец и водени топови.

Засега нема информации за уапсени демонстранти или за повредени во судирите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top