Неочекуван пресврт во случајот против поранешниот шеф на ММФ. Според информации на весникот „Њујорк тајмс“, собарката не ја кажувала вистината околу наводното силување.
Обвинението за силување против поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс-Кан, според информации на весникот „Њујорк Тајмс“, е пред пропаѓање. Весникот, повикувајќи се на извори во правосудството, пишува дека изјавите на наводната жртва се сметаат за малку веродостојни. Собарката повеќепати во минатото „не ја кажувала вистината.“ Сега адвокатите на Строс-Кан и обвинителството разговараат околу тоа дали да биде повлечено обвинението. Строс-Кан беше уапсен во мај, откако собарка во хотелот во Њујорк, каде што престојувал, го обвини за силување. Тој негираше дека ја принудил жената на секс. Строс-Кан моментално е во домашен притвор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град