Во Србија прогласена вонредна состојба, снежното невреме однесе три жртви

Снежното невреме во планинските села во регионот на Ваљево, Србија во изминатите три денови однесе три човечки животи, објави “Танјуг“, пренесува Нетпрес. Од вчера во 14 српски општини е прогласена вонредна состојба.

 |   | 
sneg Srbija
sneg Srbija

Снежното невреме во планинските села во регионот на Ваљево, Србија во изминатите три денови однесе три човечки животи, објави “Танјуг“, пренесува Нетпрес. Од вчера во 14 српски општини е прогласена вонредна состојба.

sneg SrbijaНа селскиот пат Ваљево-Мравињци во снегот се смрзнала 49-годишна жена од планинското село Лелиќ. Жената излегла од дома, но поради снежните обилни врнежи не можела да го најде патот за назад. Нејзиното безживотно тело го пронашле работници кои го чистеле патот.

Во планинското село Бобова, недалеку од својата куќа бил пронајден мртов 52-годишен маж, земјоделец. Како што соопштила полицијата, мажот во петокот бил на забава во соседното село, откаде што во раните утрински часови тргнал дома. Останал на патот каде бил пронајден дури по еден ден. Според лекарите, најверојатно причина за смртта е инфаркт.

Снежното невреме и снежните наноси од два метри однеле уште еден човечки живот во селото Долен Таор на планинаната Повлен. Како што навеле мештаните, се работи за 80-годишен старец кој живеел сам во семејната куќа која била завеана. Старецот го пронашол неговиот брат, чија куќа се наоѓала во близина. За сега не се знае причината за смртта.

Во 14 општини во Србија од вчера е на сила вонредна состојба заради обилните врнежи од снег, што довело до проблеми со снабдување со електрична енергија. Снежните внрежни и ниските температури ќе продолжат и денеска, а највисоката температура ќе биде минус четири степени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top