Југозападниот дел на Бугарија денеска го прекри „жолт“ снег, кој во себе содржи прашина од пустината Сахара, соопшти Хидрометеоролошкиот институт при Бугарската академија на науките
Според Инстиутот, снегот со сахарски прав се очекува во текот на денот да се прошири и во источните делови на Бугарија.
Бугарскиот медиуми јавуваат дека „жолтиот“ снег претставува вистинска туристича атракција во скијачките центри.
Бугарскиот Хидрометеоролошки институт информира дека се очекува снежните врнежи во Бугарија да се интензивираат во текот на претстојната ноќ.
Грчките медиуми препладнево јавија дека песок од Сахара го покрил небото над Грција, која беше зафатена од песочна бура, силен ветар, дожд, висока влажност на воздухот и снежни врнежи во северните делови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град