Предвидено е двајцата сопружници да бидат погребани во недела во гробницата на Вавелската катедрала во присуство на десетици лидери од цел свет, меѓу кои претседателите на САД Барак Обама и на Русија Дмитриј Медведев.
Качински е првиот претседател од новата полска република, родена од падот на комунизмот во 1989 година, чии посмртни останки ќе бидат погребани во Вавелската катедрала. Според демонстрантите, тоа е незаслужена чест.
Погребот на претседателот Качински ќе се одржи во два дена. Општонародна церемонија ќе има во Варшава, на плоштадот пред споменикот на незнајниот јунак, познат како плоштад „Пилсудски“. Самото положување на посмртните останки на семејството Качински ќе се одржи во недела.
„Не го исмејувајте Вавел!“, гласеше натписот на плакатот на протестот во Краков. Таму околу 800 лица протестираа против одлуката на полската Католичка црква Качински да биде погребан во Вавелската катедрала.
„Варшава за претседателите, Вавел за кралевите!“, пишуваше на плакат на протестот во Варшава, во кој учествуваа околу 200 лица.
Протести имаше и во Познан и во Гдањск.
Во Вавелската катедрала на замокот Вавел се погребани посмртните останки на голем број кралеви и претседатели. Таму се погребани и таткото на полската независност маршалот Јозеф Пилсудски, како и генералот Владислав Шикорски, кој беше на чело на полската Влада во прогонство во Лондон за време на Втората светска војна и кој исто како и Качински загина во авионска несреќа. Шикорски загина на 4 јули 1943 година, кога авионот на британските кралски воено-воздухопловни сили со кои патуваше, се урна во морето, непосредно по полетувањето од Гибралтар.
На Интернет, само на Фејсбук од синоќа постојат веќе шест групи кои бараат Полјаците на референдум да одлучат дали претседателот Качински е достоен да почива покрај полските кралеви како што е Јан Трети Собјески, победник над Турците кај Виена во 1683 година
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град