Смртните случаи поврзани со проклетството на Тутанкамон, дело на окултист

Повеќе од 20 лица починале на мистериозен начин по отворањето на гробницата на фараонот Тутанкамон, а еден историчар тврди дека за некои од тие смртни случаи е виновен англискиот окултист Алистер Кроули.

 |   | 
grobnica na Tutankamon
Гробницата на Тутанкамон

Повеќе од 20 лица починале на мистериозен начин по отворањето на гробницата на фараонот Тутанкамон, а еден историчар тврди дека за некои од тие смртни случаи е виновен англискиот окултист Алистер Кроули.

Историчарот Марк Бејнон ја напиша книгата „Лондонска клетва: Убиство, црна магија и Тутанкамон во Вест Енд во 1920-тите“, во која ја изнесе теоријата која го поврзува Кроули и жртвите на „Клетватата на Тутанкамон“, пренесува британскиот весник „Телеграф“.

По големиот пронајдок на гробницата на Тутанкамон во 1922 година, во текот на следните десет години на неприроден начин починале многу кои биле поврзани со тоа откритие.

Кроули, кого многумина го сметаат за прв човек што почнал да го шири сатанизмот, под влијание на староегипетската религија, кабалата, учењата од исток и алхемијата, го основал филозофското учење Телема.

Бејнон тврди дека Кроули лично го погодило сквернавењето на гробницата и дека бил бесен поради тоа, па тоа му било мотив за некои од убиствата.

Историчарот смета дека во смртта на седум лица кои починале во Лондон, а кои се поврзани со откритието на гробницата, бил замешан Алистер Кроули. Според мислењето на Бејнон, Кроули бил виновен за смртта на Раул Лавдеј, египетскиот принц Али Камел Фахми Беј, Обри Херберт, Ричард Бетел, Лорд Вестбери, Едгар Стил и сер Ернест Волис Баџ.

Раул Лавдеј, кој починл истиот ден кога била отворена гробницата на Тутанкамон и археологот Хауард Картер влегол во неа, бил следбеник на Кроули и тој ден пиел крв од мачка жртвувана во еден ритуал. Бејнон тврди дека Кроули намерно го отрул.

Египетскиот принц Али Камел бил убиен од една од неговите сопруги, Французинката Мари Маргерит во лондонскиот хотел „Савој“, за која Бејнон вели дека Кроули и таа биле љубовници и дека ја наговорил на злосторство. Принцот Камел бил убиен набрзо по посетата на гробницата на фараонот.

Обри Херберт, полубрат на Лорд Карнавон (главен финансиер на експедицијата за ископување на гробницата на Тутанкамон) починал од труење во тек на забарски потфат, а Бејнон мисли дека Кроули и Мари Маргерит биле вмешани и во ова убиство.

Ричард Бетел, Картеровиот личен асистент починал во кревет во ексклузивен клуб кој Кроули често го посетувал. Иако на почетокот се сметало дека се работи за срцев удар, најдени се докази кои укажуваат на тоа дека некој го задавил.

Krouli i Ser Ernest Volis

Набрзо по Бетел, животот го загубил и неговиот татко лорд Вестбери, кој наводно се фрлил од седми кат, а Бејнон вели дека е веројатно оти некој го турнал. Вестбери чувал неколку артефакти најдени во гробницата, кои му ги подарил син му.

Едгар Стил, кој бил задолжен за артефактите најдени во гробницата, починал по операција на стомакот, а Бејнон тврди дека зад неговата смрт стои повторно Кроули.

Сер Ернест Волис Баџ, египтолог и пријател на лорд Карнавон, бил задолжен за прикажување на артефактите во Британскиот музеј во одделението за египетски и асирски антиквитети. Тој бил пронајден мртов во својот кревет во 1934 година, а Бејнон смета дека не се работело за природна смрт. Според него, постојат докази за тоа дека Баџ и Кроули заедно се занимавале со разни окултни ритуали.

Бејнон исто така зборува и за поврзаноста на Џек Мевосек и Алистер Кроули. По прочитаните книги и дневници на Кроули, Бејнон заклучил дека со окултизмот бил опседнат и Џек Мевосек и дека неговите убиства се инспирирани од убиствата во Вајтчепел.
– Додека ги истражував овие случаи, името Алистер Кроули повторно се појавуваше. Постојат многу докази кои го поврзуваат со тие настани. Голем дел од неговата религија се темели на староегипетската митологија, поради тоа отварањето на гробницата тој го сметал за сквернавење. Јас само го составив мозаикот од тие делови, изјави Бејнон за британските медиуми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top