Ќе се случи ли втор Чернобил?

По земјотресот на векот и огромните цунами бранови, на Jапонија сега и‘ се заканува и нуклеарна катастрофа.

 |  Маја Савиќ  | 
eksplozija
експлозија

По земјотресот на векот и огромните цунами бранови, на Jапонија сега и‘ се заканува и нуклеарна катастрофа. Во атомската централа во Фукушима имало експлозија при што се урнале делови од реакторот Фукушима 1.
eksplozija
Новинската агенција Кјодо јави дека откако откажал системот за ладење во нуклеарната централа состојбата драматично се влошила. Во близина на Фукушима е утврдени присуство на радиоактивен цезиум, јави агенцијата повикувајќи се на Комисијата за нуклеарна безбедност. Се претпоставува дека сега во тек е топење на јадрото на реакторот. Проблемот настанува поради тоа што кога нема струја, не функционираат турбините, вентилите и доводот на вода за ладење на реакторите.

Минхенскиот експерт за заштита од нуклеарно зрачење Едмунд Кенгфелдер за Дојчландфунк објасни: „Дури и кога атомската централа е исклучена, настанува големо количество топлина и поради тоа реакторите мора да се ладат. Во спротивно доаѓа до топење на јадрото на реакторот.“

Јапонската влада нареди евакуација на населението од околината на нуклеарната централа. Фукушима се наоѓа на околу 240 километри североисточно од Токио. Според Наото Секимура, професор на универзитетот Токио, нема шанси да се случи втор Чернобил.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top