Словенија и Хрватска би требало во среда во Шведска да го потпишат арбитражниот договор за границата.
Ова на словенечката државна телевизија го изјави премиерот на Словенија Борут Пахор, при тоа додавајќи дека договорот ќе биде потпишан без хрватската изјава за тоа дека текстот на договорот не прејудицира решение.
Пахор претходно рече дека Хрватска има суверено право во постапката на ратификација на договорот да донесе и изјава, но дека таа може да има политичко, но не и правно значење и дека не може да влијае на содржината.
Пратениците во хрватскиот Сабор во понеделник со мнозинство гласови и дадоа согласност на Владата да го потпише договорот за арбитража и усвоија изјава за непрејудицирање, што треба да биде потпишана пред ратификацијата на договорот во Саборот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град