Словачките пратеници си го укинаа имунитетот

Словачките народни претставници денеска го укинаа пратеничкиот имунитет, но и имунитетот на другите функционери, почнувајќи од шефот на државата.

 |   | 
imunitet
imunitet

Словачките народни претставници денеска го укинаа пратеничкиот имунитет, но и имунитетот на другите функционери, почнувајќи од шефот на државата. За законот за укинување на имунитетот гласаа сите 147 присутни пратеници од вкупно 150.
imunitet
Новиот закон, благодарение на иницијатива на опозициската левица, партијата СМЕР на поранешниот премиер Роберт Фиц, имунитет се укинува и на другите функционери – шефот на државата, обвинителите, полицајците, агентите на разузнавачката служба СИС, на затворските чувари и на железничката полиција.

Во вторникот 17 пратеници од либералната партија „Слобода и солидарност“ се соблекоа во рамките на кампањата против пратеничкиот имунитет. „Слобода и солидарност“ истакна дека пратениците се луѓе како и другите и немаат потреба од привилегии како што е имунитетот.

Согласно словачките закони, пратениците за време на нивниот мандат имаат привилегија да бидат заштитени од судско гонење, со која многу пратеници ги избегнаа санкциите за возење под дејство на алкохол.

Во 2010 година партијата „Слобода и солидарност“ беше иницијатор за распишување на референдум за укинување на некои пратенички привилегии, но гласањето беше откажано како невалидно поради слабото учество.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top