Слим најбогат, 89 Кинези – милијардери!

На врвот на списокот на „Форбс“ се најде Мексиканецот Карлос Слим, што е прв пат од 1994 некој Американец да не е на челото.

 |  Маја Савиќ  | 
Slim
Слим

SlimНа врвот на списокот на „Форбс“ се најде Мексиканецот Карлос Слим, што е прв пат од 1994 некој Американец да не е на челото.

Богатството на Слим сега изнесува 53,5 милијарди долари додека на второто место е основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 53 и американскиот инвеститор Ворен Бафет со 43 милијарди.

Портпарол на Слим одби да ги потврди проценките на магазинот и рече дека тие не губат време на такви пресметки, но сепак ги поздрави наводите велејќи дека им е мило што Слим го сметаат за најдобар бизнисмен на светот.

Кина

Додека новите бројки од Кина покажуваат дека економијата засилено расте, списокот на најбогати луѓе потврдува оти таму сега има повеќе милијардери од било која друга земја на светот освен Соединетите држави.

Американското списание „Форбс” го одредува бројот на Кинези-милијардери на 89, а 64 од нив живеат во потесна Кина.

Уредникот Стив Форбс вели дека е очигледен подемот на милијардерите во Азија.

Како натамошен знак на закрепнување на кинеското стопанство, малопродажбата се покачи за речиси 18% во првите два месеца годинава, споредено со истиот период во 2009.

Дописникот на БиБиСи од Пекинг јавува дека новоста оти бројот на милијардери се покачува ќе ја засили загриженоста на оние што веруваат дека јазот меѓу богатите и сиромашните се продлабочува.

Годинава, на списокот на најбогати луѓе најмногу напредна Бразилецот Ејке Батиста, со богатство стекнато во рударската индустрија, кој за прв пат се проби во првите десет.

Батиста е седми со богатство од 27 милијарди долари.

Во 2009 од списокот се тргнати 332 имиња по тешката година, но вкупниот број на милијардери за оваа година се покачи од 793 на 1011, вели „Forbes“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top