Ќе слета ли „Дискавери“ денес

Контролата на мисијата на шатлот „Дискавери“ ноќеска откажа две шанси за слетување во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида поради лошото време, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

 |  Крсте Голабовски  | 
astronaut
астронаут

Контролата на мисијата на шатлот „Дискавери“ ноќеска откажа две шанси за слетување во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида поради лошото време, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

DiscoveryЗа денеска се предвидени две можности за слетување на пистата во Флорида, во 6 часот наутро по локално време и околу 19,20 часот вечер.

НАСА соопшти дека командантот на мисијата го известил екипажот на „Дискавери“ дека времето е добро за првиот термин за слетување и побарал веднаш да започнат подготовки за вториот термин, со деорбитално активирање на моторите во 18,17 часот и слетување во 19,23 часот.

Кај деорбиталниот маневар шатлот се врти со опашката во насока на летот и ги активира моторите на три-четири минути, што доволно го забавува леталото да почне да ја губи висината и да понира кон Земјината атмосфера.

Ако времето ја спречи и втората шанса на Флорида, „Дискавери“ ќе слета на пистата во воздушната база Едвардс во калифорниската пустина Мохаве.

По враќањето од Меѓународната вселенска станица(МВС) „Дискавери“ изведе маневар на избегнување на неидентификуван всенески отпад, за кој експертите од НАСА веруваат дека потекнува од третата вселенска прошетка на екипажот.

Седуммината астронаути ја завршија 13-дневната вселенска мисија на МВС, во чии рамки доставија опрема и залихи и изведоа три прошетки по вселената.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top