Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама предлага сириското хемиско оружје да се уништи во меѓународни води на американски брод.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама предлага сириското хемиско оружје да се уништи во меѓународни води на американски брод.
Планот, кој треба да биде одобрен предвидува оружјето да биде уништено на бродот „Кејп Реј“ во Средоземно Море, додека во близина патролираат бродови на американската воена морнарица.
Планот за уништување на сириското хемиско оружје разработен е од Пентагон и се претпоставува дека на тој начин ќе бидат избегнати дипломатски и еколошки проблеми, како и безбедносните опасности ако уништувањето биде на територијата на некоја земја.
Претходно, Албанија го одби американскиот предлог сириското хемиско оружје да биде уништено на нејзина територија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град