За време на божиќниот викенд, силно невреме предизвика виулици и ги затвори автопатите во планините во Северна Калифорнија и Невада. Метеоролозите предупредија дека патувањето во планините Сиера Невада може да биде тешко неколку дена.

Затворени се 112 километри од меѓународниот автопат 80 од Колфакс, Калифорнија, до областа на езерото Тахо на границата со Невада.
Министерството за транспорт во Калифорнија соопшти дека се затворени и други планински патишта, истовремено предупредувајќи ги возачите за опасноста од намалена видливост и лизгави патишта.
Денес е еден од оние денови кога можете само да останете дома. Се очекува уште снег – напиша на Твитер Метеоролошката служба во Рено, Невада.
Поради очекуваните виулици и налетите на ветар до 72 километри на час, таа издаде предупредување за зимско невреме во областа на езерото Тахо.
Ова е уште едно невреме што ја погоди Јужна Калифорнија со обилни врнежи што ги поплавија улиците во саботата навечер, но и ветар кој остави многу луѓе без струја.
Во округот Санта Барбара силниот ветар собори дрвја и предизвика материјална штета. Нема информации за жртви. Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес соопшти дека делумно го затворил Терминалот 5 поради невреме.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град