Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија. Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора.
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија. Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора.
Епицентарот на силниот земјотрес кој се случи во 4 часот и 19 минути по локално време бил во близина на границата на Албанија со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум, пренесуваат црногорските медиуми.
Секторот за сеизмологија при Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопштил дека во епицентралното подрачје земјотресот бил од Петти степен на Меркалиевата скала.
Инаку, жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 16 километри.
Засега нема информации за евентуални материјални штети.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град