Силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови

Земјотрес со интензитет од 7,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во реонот на Курилскитe Острови на рускиот Далечен Исток.

 |  Крсте Голабовски  | 
kurilski ostrovi
курилски острови

Земјотрес со интензитет од 7,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во реонот на Курилскитe Острови на рускиот Далечен Исток.

Како што соопшти американскиот Геолошки институт, епицентарот на потресот бил на 293 километри североисточно од главниот град на Курилските Острови, Курилск, на длабочина од 38 километри под површината на Тихиот Океан.

kurilski ostroviЗасега нема информации за евентуални жртви или материјални штети, ниту за „опасност од уништувачки бранови-цунами“, но можна е појава на локални цунами кои му се закануваат на крајбрежјето на 100 километри од епицентарот“, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами на Хаваи.
Руските сеизмолози истакнаа дека интензитетот на земјотресот изнесувал 6,8 степени според Рихтер, а епицентарот се наоѓал во близина на вулканскиот остров Симушир.

Курилските Острови се наоѓаат во реон на трусно подрачје.

Јужниот дел од курилскиот архипелаг е објект на територијален спор меѓу Русија и Јапонија. Три дена по капитулацијата на Јапонија во 1945 година, советската армија ги окупира островите, вклучувајќи ги и четирите најјужни, кои никогаш дотогаш не биле дел од Русија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top