Швалери на тапет

Со цел да ја спречат “епидемијата” на неверства во земјата, последица на економскиот бум, кинеските власти до 2015-та планираат на интернет да ја објават брачната состојба на сите мажи во државата.

 |  Маја Савиќ  | 
China dvojka
Кина, двојка

Со цел да ја спречат “епидемијата” на неверства во земјата, последица на економскиот бум, кинеските власти до 2015-та планираат на интернет да ја објават брачната состојба на сите мажи во државата.

За да видат со кого си имаат работа, кинеските власти на сопругите и љубовниците ќе им овозможат пристап до брачната состојба на секој Кинез, со намера да ја сопрат културата на втора жена или љубовница.

Бигамијата е нелегална во Кина, а меѓу оние кои во последните неколку години биле фатени со втора сопруга има и високи функционери во комунистичката партија на земјата.

Како главна причина за појавата се смета развојот на државната економија која ги раздвижи Кинезите низ регионите и градовите. Први на списокот за откривање се жителите на Пекинг и Шангај.

Истражување од 2005-та покажа дека 20 проценти од преку 1.200 испитани Кинези во брак се неверни. Истата стапка кај жените во Кина изнесува 3,9 проценти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top