Швајцарската Влада денеска соопшти дека ги укинува речиси сите ковид мерки, а до крајот на март останува само правилото за носење маски во јавниот превоз и во здравствените установи, како и изолација на пациентите заразени со ковид.
Швајцарската Влада денеска соопшти дека ги укинува речиси сите ковид мерки, а до крајот на март останува само правилото за носење маски во јавниот превоз и во здравствените установи, како и изолација на пациентите заразени со ковид.
Од утре повторно е овозможен влез во продавници, ресторани, културни манифестации, институции отворени за јавноста и собири без маска и ковид потврди, се вели во соопштението на Сојузниот совет (Владата). Се укинува и задолжителното носење маска – освен во јавниот превоз и во здравствените установи и препораките за работа од дома.
Се укинува задолжителното покажување на ковид потврда на поголемите собири, ограничувањата на приватните собири и ограничувањата на капацитетот во продавниците на мало и жичарите.
Според федералните власти, епидемиолошката состојба во Швајцарија продолжува да се развива во позитивна насока и „поради зголемениот имунитет на населението, малку е веројатно дека ќе има преоптоварување на здравствениот систем и покрај понатамошните значителни циркулации на вирусот“.
„Сојузниот совет затоа смета дека се исполнети условите за брзо нормализирање на општествениот и економскиот живот“, посочуваат оттаму. Таа алпска земја со 8,6 милиони жители пријавила скоро 12.530 смртни случаи од Ковид од почетокот на пандемијата, што е повеќе од 144 смртни случаи на 100.000 жители. Речиси 69 отсто од населението е целосно вакцинирано.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град