Што прави судијата на судењето на Брејвик?!

По седум недели поминати во судницата, судењето на норвешкиот масовен убиец Андрес Брејвик најверојатно стана толку досадно што еден од петмината судии почна си игра карти на лаптоп.

 |   | 
судија
sudija

По седум недели поминати во судницата, судењето на норвешкиот масовен убиец Андрес Брејвик најверојатно стана толку досадно што еден од петмината судии почна си игра карти на лаптоп.

Инаку овој судија треба да одлучи за судбината на Брејвик кој минатата година уби 77 лица.

На снимката од ТВ камерите јасно се гледа како судијата Ернст Хенинг Елсен игра солитер наместо да ги слуша доказите што ги презентира шведски професор во судницата во Осло.

Снимката секако ќе ги разлути семејствата на 77-те лица што ги уби Брејвик во двата напади во минатата година.

Од Судот сторија се да го извлечат несовесниот судија изјавувајќи дека тој така се концентрирал.

– Има повеќе начини човек да остане фокусиран – вели портпаролката на судот во одбрана на судијата Елсен.

Но ова не е прв скандал на судењето на 33-годишниот убиец Брејвик.

Во април еден од судиите беше отпуштен откако беше откриен дека го коментирал случајот на Фејсбук.

–   Смртна казна е единствено нешто што следува за овој случај – напиша судијата Томас Индебро.

При бомбашкиот напад пред владианта зграда во Осло Брејвик уби 8 лица, а потоа на островот Утоја застрела 69 тинеџери.

Тој ги призна убиствата, но ја негираше кривичната одговорност со образложение дека нападите биле со цел да се заштити норвешкиот народ од емигрантите.

Неговото судење треба да трае околу 10 недели кога конечно ќе се донесе одлука дали е ментално здрав или луд.

Ако се докаже дека е здрав ќе биде осуден на затворска казна, а доколку се докаже дека е ментално болен ќе му следува лекување во психијатриска установа.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top