Медицинската сестра Естер Томас наскоро ќе се најде пред дисциплинскиот совет поради своето однесување. Имено, сестрата неодамна имала еден итен случај, па со возачот и со возилото на брза помош заминала на работа.
Кога на терен ја завршила работата, не се јавила во болницата дека е готова, туку уште малку го искористила возилото за брза помош.
Возачот ја одвел до шопинг центар, каде Естер си купила тоа што и било потребно. Така од дуќанот излегла со украсни билки, разни саксии, а си купила и малку слатки.
Проблемот е во тоа што Естер тоа го сторила додека требала да работи и да им помага на другите итни случаи во градот. Иако поради сето тоа би можела да ја изгуби работата, додека не се донесе одлука за тоа, на Естер и е дозволено да се врати на работа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град