Што сакаат децата од Дедо Мраз?

Поштенските служби во Скандинавија деновиве се пренатрупани со писма од деца адресирани до Дедо Мраз, при што само поштите во Норвешка примаат околу 30.000 писма и разгледници полни со желби и надежи.

 |  Маја Савиќ  | 
pisma za dedo mraz
pisma za dedo mraz

Колбаси секоја вечера, плаќање на долговите во продавницата за миленици, никогаш да не пораснат, да бидат поубави од своите врсници… се само дел од илјадниците детски желби што деновиве ги добива Дедо Мраз. Некои деца ги интересира што прави тој за време на војна а некои го опоменуваат дека лани им дал полош поклон отколку на другарчињата.

pisma za dedo mrazПоштенските служби во Скандинавија деновиве се пренатрупани со писма од деца адресирани до Дедо Мраз, при што само поштите во Норвешка примаат околу 30.000 писма и разгледници полни со желби и надежи.

Девојче по име Елси од Дедо Мраз побарало секоја вечер за јадење да има колбаси а Натан побарал пајак и прашал дали Дедо Мраз ќе може да дојде да ја плати сметката во локалниот дуќан за миленици.

Виолета посакала никогаш повеќе да не и се расипе заб за да може цела година да јаде слатки. Момче по име Ден напишало дека сака засекогаш да остане 12-годишник а Клаудија имала желба во нејзиното маало да се отвори Икеа и кога ќе порасне да работи во продавницата.

Дијана го прашала Дедо Мраз дали може да ја направи поубава од нејзината другарка Сабрина. Сисилија на поклон побарала живо прасе, но го замолила Дедо Мраз прво да ја убеди мајка и да се согласи да го чуваат животинчето.

Јонас се интересира дали наместо Дедо Мраз, оваа година децата може да ги посети Баба Мразица.

“Мама вели дека нема да дојдеш ако пцујам. Навистина ли си алергичен на тоа?“ запрашал Виктор.

Детето Калум прашало дали може тој да го замени Дедо Мраз кога ќе умре а Рианон моли кога ќе дојде да го разбуди за да се поздрави со ирвасите. Енди пак сака да знае што правел Дедо Мраз во текот на Втората светска војна.

Малиот Јан прашува дали лани Дедо Мраз дошол преку подрум, зошто сакал да знае дали случајно татко му се преправил во него. За распознавање, пишал Јан, штом дојде оваа година, Дедо Мраз треба да ја каже тајната лозинка – чоколаден колач.

Некои дечиња признаваат дека годинава не биле многу умни, но ветуваат дека во 2011-та ќе биде поинаку и сметаат дека заслужуваат подароци.

“Зошто на Ричард му даде Плејстејшн 2 а мене не? Мислиш ли дека е тоа фер?“ прашал Тед во своето новогодишно писмо.

А некои од дечињата го прашуваат Дедо Мраз дали навистина постои.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top