Куче шарпланинец на улица „Сарајлија” во Крагуевац ја касна за врат и ја уби сопственичката Милоратка Веjковиќ (69).
Според неофицијални информации, безживотното тело на жената го пронашла нејзината ќерка. Тимот на Брза помош морало да ја чека полицијата која, за жал, само ја констатира смртта бидејќи кучето покажувало исклучителна агресија и кон лекарите.
Се претпоставува дека трагедијата се случила во раните утрински часови.
Несреќната жена со години го хранела кучето и никому не му е јасно зошто се случило ова. Соседството беше шокирано, но никој не сакаше да ја коментира несреќата.
Извор: Курир.рс