Северна Кореја со закана за нуклеарна војна

Властите во Пјонг Јанг ја предупредија Јужна Кореја дека нејзината соработка со САД и Јапонија би можела да доведе до нуклеарна војна на поделениот полуостров.

 |  Маја Савиќ  | 
J Korea
J Кореа

J KoreaВластите во Пјонг Јанг ја предупредија Јужна Кореја дека нејзината соработка со САД и Јапонија би можела да доведе до нуклеарна војна на поделениот полуостров.

Предупредувањето е дел од коментарот на државната новинска агенција во најтиражниот весник во земјата, кој се појави по повод почетокот на петдневните артилериски вежби на јужнокорејската морнарица на 27 локации.

Северна Кореја на 23-ти ноември го гранатираше јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг, при што имаше и цивилни жртви, први по крајот на Корејската војна во 1953 година. Како одговор на ова, Сеул одржа заеднички воени маневри со САД и закажа самостојни артилериски вежби и покрај предупредувањата од Северна Кореја дека тоа може дополнително да ја заостри ситуацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top