Во Северна Кореја погубен човек поради тоа што користел кинески мобилен телефон

Еден жител на Северна Кореја јавно бил погубен затоа што разговарал на кинески мобилен телефон со бегалец од Северна Кореја кој живее во Јужна Кореја.

 |  Маја Савиќ  | 
mobilen
мобилен

Severna KoreaЕден жител на Северна Кореја јавно бил погубен затоа што разговарал на кинески мобилен телефон со бегалец од Северна Кореја кој живее во Јужна Кореја.

Севернокореецот, кој е идентификуван само како Јунг бил погубен кон крајот на јануари откако бил пронајден кинескиот мобилен телефон во неговата куќа, пренсува радиото ОРНК, повикувајќи се на извор од Северна Кореја.

Јунг е обвинет дека разговарал со бегалецот за условите за живот во Северна Кореја, како на пример висинатата на цената на оризот, пренесува радиото.

Властите во Северна Кореја неодамна ги засилија акциите против жителите на земјта кои се обидуваат да зборуваат со своите блики роднини и пријатели кои се побегнати во Јужна Кореја, а за таа цел најчесто користат кинески мобилни телефони за да не бидат лесно откриени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top