Северна Кореја се подготвува за нови ракетни проби

Северна Кореја активно се подготвува за лансирање на моќна балистичка ракета на почетокот на јуни, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во Владата во Сеул.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Северна Кореја активно се подготвува за лансирање на моќна балистичка ракета на почетокот на јуни, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во Владата во Сеул.

nuklearna probaСпоред истите извори, разузнавачките служби на САД и Северна Кореја имаат сознанија дека моќен систем, што личи на балистичка ракета, бил испратен од фабрика за оружје крај Пјонгјанг во воениот полигон Масудан-ни.

Во меѓу време, претставник на Пентагон соопшти дека американските сателити регистрирале раздвиженост во две севернокорејски ракетни бази, што според него, може да значи дека Северна Кореја се подготвува за ново тестирање на балистичка ракета.
Тој нагласи дека активностите наликуваат на оние кои биле регистирирани минатиот месец пред Севернма Кореја да ја лансира ракетата со голем дострел.
Според истиот извор, едната од базите во која е забележана раздвиженост се наоѓа во западниот, а втората во источниот дел на Северна Кореја.

{loadposition content9} 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top