Северна Кореја активно се подготвува за лансирање на моќна балистичка ракета на почетокот на јуни, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во Владата во Сеул.
Северна Кореја активно се подготвува за лансирање на моќна балистичка ракета на почетокот на јуни, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во Владата во Сеул.
Според истите извори, разузнавачките служби на САД и Северна Кореја имаат сознанија дека моќен систем, што личи на балистичка ракета, бил испратен од фабрика за оружје крај Пјонгјанг во воениот полигон Масудан-ни.
Во меѓу време, претставник на Пентагон соопшти дека американските сателити регистрирале раздвиженост во две севернокорејски ракетни бази, што според него, може да значи дека Северна Кореја се подготвува за ново тестирање на балистичка ракета.
Тој нагласи дека активностите наликуваат на оние кои биле регистирирани минатиот месец пред Севернма Кореја да ја лансира ракетата со голем дострел.
Според истиот извор, едната од базите во која е забележана раздвиженост се наоѓа во западниот, а втората во источниот дел на Северна Кореја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град