Северна Кореја со помош на фотошоп го одржуваше во живот смртно болниот диктатор

Британски “Tajms” уште во 2008-ма пишуваше дека фотографијата на која „милиот водач“ позира со војската е монтирана и дека на тој начин властите одржуваат привидна слика дека Ким Јонг Ил е уште способен да ја води земјата.

 |   | 
Kim Jong Il photoshop
Kim Jong Il photoshop

Гласините за лошото здравје на Ким Јонг Ил, кој почина вчера на 69 годишна возраст, се ширеа со години пред неговата смрт. Дури се шпекулираше дека е неподвижен или веќе мртов. Британски “Tajms” уште во 2008-ма пишуваше дека фотографијата на која „милиот водач“ позира со војската е монтирана и дека на тој начин властите одржуваат привидна слика дека Ким Јонг Ил е уште способен да ја води земјата.
Kim Jong Il photoshop

Би Би Си исто така анализирал една од таквите фотографии. Од далеку се изгледа нормално. На сликата е „милиот водач“, пример за здравје и виталност, во обиколка на војската. Но на зголемена фотографија се воочуваат неколку неправилности.
Kim Jong Il photoshop

Сенката која ја правата нозете на лидерот не ги следи сенките на нозете на војниците. Исто така, црната линија на подиумот пред кој позираат се прекинува позади нозете на Ким Јонг Ил.
Се укажува на фотомонтажа која е практикувана со месеци а можеби и години па „фотошоп мајсторите“ веќе станале невнимателни.
Се наметнува прашањето дали Ким Јонг Ил владеел со земјата последниве неколку години или лежел полумртов во болница. Или можеби веќе бил подолго време мртов пред властите да ја објават неговата смрт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top