Гласините за лошото здравје на Ким Јонг Ил, кој почина вчера на 69 годишна возраст, се ширеа со години пред неговата смрт. Дури се шпекулираше дека е неподвижен или веќе мртов. Британски “Tajms” уште во 2008-ма пишуваше дека фотографијата на која „милиот водач“ позира со војската е монтирана и дека на тој начин властите одржуваат привидна слика дека Ким Јонг Ил е уште способен да ја води земјата.
Би Би Си исто така анализирал една од таквите фотографии. Од далеку се изгледа нормално. На сликата е „милиот водач“, пример за здравје и виталност, во обиколка на војската. Но на зголемена фотографија се воочуваат неколку неправилности.
Сенката која ја правата нозете на лидерот не ги следи сенките на нозете на војниците. Исто така, црната линија на подиумот пред кој позираат се прекинува позади нозете на Ким Јонг Ил.
Се укажува на фотомонтажа која е практикувана со месеци а можеби и години па „фотошоп мајсторите“ веќе станале невнимателни.
Се наметнува прашањето дали Ким Јонг Ил владеел со земјата последниве неколку години или лежел полумртов во болница. Или можеби веќе бил подолго време мртов пред властите да ја објават неговата смрт.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град