Серија торнада ја опустоши американската држава Илиноис

Најмалку шест лица загинаа при големото невреме, проследено со разурнувачки торнада, што зафати делови од американската сојузна држава Илиноис, јужно од метрополата Чикаго.

 |  Голабовски Крсте  | 
preziveani
преживеани

Најмалку шест лица загинаа при големото невреме, проследено со разурнувачки торнада, што зафати делови од американската сојузна држава Илиноис, јужно од метрополата Чикаго.

торнадоOд невремето најтешко е погодена областа околу градот Пеорија, каде неколку помали населби се нашле директно на удар на торнада.
Точните податоци за загинатите, повредените и штетите се уште се собираат, но се претпоставува дека најтешкиот удар на невремето поминал. Покрај досега потврдените шестмина загинати, повредени се уште десетици лица во Илиноис и Индијана.
Невремето проследено со силните ветрови, удари на гром и поројни дождови предизвика и најмалку 11 торнада. Најтешко е погодено гратчето Вашингтон во Илиноис, каде има еден загинат, а околу 70 куќи биле уништени. Спасувачките екипи морале да интервенираат да спасат луѓе заробени во нивните подруми.

„По ова што се случи, се мислам ќерката да ја крстам Дороти“, изјави Тереза Ванцил од градот Пекин, потсетувајќи на филмот во кој торнадо го носи девојчето Дороти во волшебната земја Оз. Ванцил се породувала кога градската болница морала да биде евакуирана поради приближување на торнадо. Како последица на невремето стотици илјади граѓани на Илиноис, Мичиген и Индијана остана без електрична енергија.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама е постојано информиран за последиците од невремето и се очекува да биде донесена одлука за упатување сојузна помош за погодените места.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top