Сенатот на САД ја одобри кандидатутрата на Лион Панета за директор на ЦИА.
Сенатот на САД ја одобри кандидатутрата на Лион Панета за директор на ЦИА.
Седумдесетгодишниот Панета е поранешен конгресмен демократ од Калифорнија и поранешен началник на кабинетот на претседателот Бил Клинтон. Тој ќе го замени на функцијата Мајкл Хејдн.
Номинацијата на Панета предизвика изненадување во Вашингтон, бидејќи ЦИА вообичаено се управува од експерти од разузнавањето, а Панета нема искуство во собирањето или анализата на разузнавачките информации, истакнуваат дел од западните медиуми.
Обама изјави оти го избрал за функцијата заради неговите управувачки вештини како и способноста да ги поправи односите меѓу ЦИА и Конгресот, кои беа нарушени за време на двата мандати на Џорџ Буш.
За време на сослушувањето во Сенатот Панета, за разлика од Хајдн, изјави дека ќе ја поддржи сенатската истрага на програмата на ЦИА за приведување и сослушување осомничени терористи, воведена по нападите од 11 септември 2001 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град