Германскиот фонд за светско население објави дека оваа година бројката на жители на Земјата ќе достигне седум милијарди.
Минатата година населението на планетата e зголемено за 80 милиони луѓе и достигна 6 милијарди 924 милиони и 196 илјади.
Бројката од седум милијарди ќе се постигне во средината на оваа година, соопштуваат од фондацијата и велат дека секоја секунда во светот се додаваат речиси три новороденчиња.
Најголем раст на населението има во Африка, во 2010 година бројот на жители изнесуваше повеќе од милијарда.
Сепак растот во 2010 година е три милиони помалку отколку во претходната година.
Овој тренд најверојатно ќе продолжи, велат од фондацијата и проценуваат дека бројката на жители од осум милијарди на Земјата ќе биде достигната во 2025 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град