Се судрија два брода на Босфор

Рускиот товарен брод „Русич 10“ се судри на Босфор со турскиот товарен брод „Тахсин Имамоглу“, објави турската крајбрежна стража, а пренесува Танјуг.

 |   | 

Рускиот товарен брод „Русич 10“ се судри на Босфор со турскиот товарен брод „Тахсин Имамоглу“, објави турската крајбрежна стража, а пренесува Танјуг.

Во судирот нема повредени ниту загинати, а бродовите се оштетени. Три чамци за спасување и 14 влечни возила се испратени на местото на настанот за да помогнат. Двата товарни брода се вкотвени во пристаништето – се наведува во соопштението, пренесе Спутник.

Според извештаите на медиумите, судирот се случил крај брегот на истанбулскиот кварт Јеникеи во Босфорот.

Турскиот брод пловел од провинцијата Кочаели до индустриското пристаниште Карадениз Ерегли на брегот на Црното Море, а рускиот „Русич 10“ пловел од провинцијата Бурса кон Русија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top