Science Journal сака да објави сè за најопасниот Х5Н1

Далеку поопасен од нормалниот вирус, вештачки создадената верзија на Х5Н1 би можел да убие речиси половина од глобалната популација, со овие зборови пред неколку месеци беше објаснето откритието од заедничката студија на група холандски и американски научници. Новата верзија на вирус, може да се пренесува преку кашлање и кивање.

 |   | 
bird fly

Засега уредникот на Science Journal, др. Брус Албертс се воздржува од објавување на детали, бидејќи за тоа интервенираа и властите од американскиот Национален советнички борд за биобезбедност.

Иако, властите предупредуваат од ризикот вирусот да падне во погрешни раце, Албертс вели дека неговата редакција стои на ставот извештајот да се објави во неговата комплетна форма.

bird fly“Во отсуство на каков било механизам за добивање информации, кои би биле корисни за оние научници кои сакаат да го заштитат човештвото и да создадат нови лекови и вакцини, наша должност е да ја објавиме целата студија”, изјавил уредникот.

На оваа тема ќе се дебатира на претстојниот самит на Светската Здравствена Огранизација, која ќе се одржи зад затворени врати во Женева.

Американските власти се упорни во намерата да ја цензурираат работата на двата истражувачки тима, кои открија дека се доволни само 5 мутации за Х5Н1 да почне да се шири многу побргу од досега познатите видови.

На 20-ти јануари годинава, експертите за грип прогласија 60-дневен мораториум на сите истражувања на Х5Н1.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top