Францускиот претседател Никола Саркози го нарекол грчкиот премиер „луд” и „депресивен”, а за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мисли дека е лажго.
Ова Саркози го кажал во приватен разговор со американскиот колега Барак Обама, минатиот четврток на самитот на Г-20 во Кан, пишува францускиот весник „Паризиен”.
Зборовите на Саркози случајно ги слушнале голем број новинари преку слушалките за симултан превод, кои им биле поделени непосредно пред прес-конференцијата на двајцата шефови на држави.
Според „Паризиен“ Саркози и Обама се согласиле дека Папандреу направил огромна грешка со предлогот за референдум околу европскиот план за спас, од кој тој подоцна се откажа.
За Нетанјаху пак, Саркози рекол дека не може да го поднесе, на што и Обама не останал покус – ,,вам од него ви е преку глава, ама јас морам со него да се занимавам секој ден“.
Новинарите иако замолени да не објавуваат делови од разговорот, сепак го пренеле, што предизвика негативни реакции кај политичарите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град