Саркози: Доењето е како ропство

Францускиот претседател Никола Саркози со својата изјава се потрудил да ја налути светската женска популација, споредувајќи го доењето со ропство. Оваа изјава следи откако 55-годишниот Саркози пред еден месец стана татко по четврти пат.

 |   | 
Sarkozy
Sarkozy

Францускиот претседател Никола Саркози со својата изјава се потрудил да ја налути светската женска популација, споредувајќи го доењето со ропство. Оваа изјава следи откако 55-годишниот Саркози пред еден месец стана татко по четврти пат.

Sarkozy

“Знаете, доењето кај жената предизвикува радост. Но, исто така доењето е еден вид ропство. Тоа ги ослободува мажите од вината бидејќи не мора да стануваат на полноќ, освен да ја покажат својата солидарност со сопругата. Јас отворам само едно око и немам проблем“, рекол Саркози.

Саркози од својот прв брак има три сина, на возраст од 14 до 26 години.

Неговата трета сопруга, Карла Бруни која има син од претходна врска, на 19-ти октомври ја донесе на свет Џулија.

“Карла е навистина загрижена дека нема да има доволно млеко за Џулија. Јас сметам дека доењето е многу подобро за заштита од алергии и различни болести“, додал Саркози, обидувајќи се да остави впечаток на грижлив татко.

Малата Џулија е првото бебе родено во Елисејската палата, додека нејзниот татко е на функцијата претседател на Франција. Таа го добила своето име по нејзнината тетка, односно сестра на Карла Бруни, која е Италијанка.

Карла претходно најавила дека фотографиите од нејзината ќерка нема да бидат објавени во јавност, иако аналитичарите веруваат дека имиџот на Саркози како загрижен татко може да придонесе значајно да му биде поправен рејтингот и ќе му ги зголеми шансите да ја задржи претседатлската фотелја по изборите наредната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top