На Барак Обама му беа потребни две години да го направи тоа што Џорџ Буш не успеа за седум години. Тоа е разликата помеѓу паметен и глупав претседател“.
Ова го изјави американскиот режисер Мајкл Мур преку својот профил на Твитер. Тој додаде дека воените профитери би требале да му изградат споменик на Бин Ладен со оглед на тоа колку многу пари заработија од војните по 2001 година.
„Го убија додека се наоѓаше во луксузна палата. Како што многумина од нас веруваа, тој мултимилијардер не може да живее во пештера. Беа потрошени милијарди долари за непотребни војни по пустини, пештери и планини. Но сега кога велат дека е убиен Осама, меѓу нас стравот е уште поголем.“
Мур саркастично додава: „Да, согласно муслиманската традиција, Осама е погребан во море. Да, на повеќето муслимански погреби на кои сум бил одевме со хеликоптери и потоа, од воздух, го фрлавме покојникот во море“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град