Копенхаген во понеделник се подготвува да ги угости стотината шефови на држави и влади на конференцијата посветена на климатските промени во организација на Обединетите Нации(ОН).
Копенхаген во понеделник се подготвува да ги угости стотината шефови на држави и влади на конференцијата посветена на климатските промени во организација на Обединетите Нации(ОН).
Самитот што ќе трае до 18 декември се очекува да изработи документ кој ќе го замени протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година. Експертите сметаат дека Самитот ќе биде успешен доколку на него биде постигнат и договор за намалување на емисијата на штетни гасови што го предизвикува ефектот на стаклена градина.
Емисијата на штетни гасови, а особено на јаглен-диоксид(ЦО2) е главната причина за глобалното затоплување и ефектот на стаклена градина.
Доколку се намали согорувањето на фосилните горива и сечењето на шумите, на тој начин би се намалила и емисијата на штетни гасови околу Земјата.
Голем интерес за глобалното затоплување во моментов покажуваат и медиумите и граѓаните, но експертите велат дека многу од пораките кои што досега биле испратени имале штетно дејство.
Доколку не се запре емисијата на штетни гасови до 2100 година, температурата на Земјата би се зголемила за 2 до 4 степени. За да не се случи тоа една од целите на самитот во Копенхаген е да се натераат индустриски развиените земји да ја намалат емисијата од 20 до 40% во наредните 10 години.
Помеѓу останатите прашања на Самитот ќе стане збор и за можноста помалку развиените земји да добиваат пари од повеќе развиените земји со цел да ги користат алтернативните видови на енергија што исто така би ја намалила емисијата на штетни гасови.
На Самитот во Копенхаген што ќе трае до 18 декември се очекува да присуствува и американскиот претседател Барак Обама.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град