Самит ЕУ – САД

Лидерите на Европската унија и САД ќе се сретнат во вторник на самитот во Вашингтон посветен на климатските промени, финансиската криза и ситуацијата во светот, првенствено во Авганистан и Иран.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Лидерите на Европската унија и САД ќе се сретнат во вторник на самитот во Вашингтон посветен на климатските промени, финансиската криза и ситуацијата во светот, првенствено во Авганистан и Иран.

Barak ObamaДелегацијата на ЕУ на состанокот со американскиот претседател, Барак Обама ќе ја предводи шведскиот премиер Фредерик Рајнфелт, чија што држава во моментот е претседавач со Унијата.

Според најавите, на самитот во Вашингтон ќе учествуваат шефот на шведската дипломатија , Карл Билт, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ; Хавиер Солана.

Станува збор за првиот самит ЕУ – САД од доаѓањето на Барак Обама во Белата куќа. Самитот е важен затоа што се одржува непосредно пред конференцијата за климатски промени, закажана за декември во Копенхаген.

Според најавите, германската канцеларка Ангела Меркел, во вторник во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Обама и ќе се обрати во Конгресот пред одбележувањето на 20 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Ова е прв пат шеф на германска влада да добие можност да се обрати заедно пред пратениците и од Сенатот и од претставничкиот дом.

Некогашниот канцелар Конрад Аденауер во 1957 година тоа веќе го направи, но во одвоени говори во двата дома на Конгресот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top