САД имаат дел од над две третини од продажбата на оружје во светот во минатата година, објави Њујорк тајмс повикувајќи се на анализа на Конгресот.
Според медиумот, САД имале учество од 68,4 отсто од глобалната продажба на оружје во 2008 година.
Продажбата на оружје од САД се зголемила за речиси 50 отсто – до 37,8 милијарди долари наспроти 25,4 милијарди долари во 2007 година и покрај светската економска криза.
Трговијата со оружје на глобално ниво е намалена за 7,6 отсто – до 55,2 милијарди долари што е најниско рамниште од 2005 година.
Италија, која е на второ место, продала оружје за 3,7 милијарди долари, Русија – 3,5 милијарди, и бележи драстичен пад на зделките за 10,8 милијарди долари во однос на 2007 година. Зголемената побарувачка за оружје од САД се толкува со големите нови порачки од клиенти од Блискиот исток и Азија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град