Синот на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, Сад, веројатно е убиен во американскиот ракетен напад во Пакистан на почетокот на оваа година, изјавија функционери на разузнавачката служба на САД.
Според нив, Сад бин Ладен (30), кој имал важна улога во односите меѓу Иран и Ал Каеда, пристигнал во Пакистан, откако неколку години минал во домашен притвор во Иран.
Наводно тој е убиен со проектил истрелан од американско беспилотно летало “предатор”. Американските разузнавачи велат дека се 80 до 85 проценти сигурни дека Сад е мртов, изјави неименуван функционер и додаде дека синот на Осама не бил доволно важен за да биде цел на нападот, туку “се нашол на погрешно место во погрешно време”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град