Мисијата за лет во вселената за Советскиот сојуз била најголемата возможна пропаганда со која сакале да го прикажат својот триумф на комунистичката идеологија. Но, во најновата книга објавена по повод 50-годишнината од првиот лет во вселената, откриено е како научниците дури два пати погрешно пресметале каде Гагарин ќе слета, а кога конечно слетал, на околу 800 километри јужно од Москва, никој не го пречекал.
“Многу години се веруваше дека Гагарин со ’Восток’ слетал точно на планираното место. Но, тоа беше далеку од вистината. Сите го чекаа 400 километри јужно од Москва, па Гагарин откако слетал прво се обидел да стапи во контакт со својот тим“, се тврди во книгата “108-те минути кои го изменија светот“.
Властите уште излажале и дека Гагарин слетал во капсула, но всушност тој се спуштил со падобран. Причината за пласирање на лагите во јавноста е поради строгите правила по кои мисијата можела да се регистрира како светски рекорд, тврди Антон Первушин, автор на книгата. Во неа е објавено и потресно писмо кое Гагарин го напишал до своето семејство пред почетокот на експедицијата. На сопругата и порачал да не тагува ако тој не се врати на Земјата и дека се надева оти никогаш и нема да го прочита писмото.
“Човек едноставно може да се лизне, да падне и да почине, или може да го прегази автомобил“, напишал Гагарин.
Прошталното писмо пред експедицијата е сосем разбирливо ако се земе во предвид дека Советите во 1957 година во вселената го пратија кучето Лајка, кој по неколку часови лет почина поради прегревање во атмосферата. Сопругата на Гагарин сепак го добила писмото, но по неговата трагична смрт на 34-годишна возраст, кога настрадал во мистериозна авионска несреќа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град