Русија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион.
Русија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион од петтата генерација за кој се претпоставува дека е одговор на технолошката супериорност на американското воздухопловство, изјавија извори од руската армија.
Надзвучниот борбен авион е невидлив за радарите, а има и напредни управувачки и борбени уреди.
Авионот се развива во компанијата Сухој и се очекува да биде готов до крајот на овој месец.
Воените експерти, новиот авион го гледаат како одговор на американскиот Ф-22 Рептор кој се смета за најнапреден авион од петтата генерација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град