Руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Владимир Путин кој најави „специјална воена операција“ во раните мугри во четвртокот и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.
Руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Владимир Путин кој најави „специјална воена операција“ во раните мугри во четвртокот и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.
Неколку минути по кусото телевизиско обраќање на Путин, околу 4 часот по средно-европско време, се слушнаа првите експлозии во близина на големите украински градови, вклучително и главниот град Киев.
Опсегот на рускиот напад е масовен. Дожд од ракети беше истурен врз украинските градови додека руските копнени трупи масовно влегуваат на украинска територија од повеќе правци. Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека земјата е цел на напад од крстосувачки и балистички ракети, а особено се цели кон инфраструктурата во близина на големите градови како Киев, Харков, Мариупол и Дњепар. Украински претставник вели дека се очекува руските трупи наскоро да тргнат кон Харков, кој е на 30 километри од границата. Жителите на Киев се кријат во засолништа или во подземната железница. Голем дел се обидуваат да го напуштат градот со своите возила, што предизвика хаотични сцени на улиците.
Првичните извештаи за жртви се спорадични и непотврдени. Украина соопшти дека осум лица загинале при руското гранатирање и тројца граничари биле убиени во јужниот регион Херсон. Украинската армија тврди дека уништила четири руски тенкови на пат во близина на Харков, убила 50 војници во близина на Луханск и соборила шест руски воени авиони на истокот на земјата.
Русија ги демантираше тие наводи. Про-руските сепаратисти тврдат дека уништиле два украински авиони.
Стотици луѓе чекаат во колони за да извадат пари од банките или да се снабдат со храна и вода во Киев. Сообраќајот е во голем застој поради огромните колони луѓе кои се обидуваат да го напуштат три-милионскиот град во правец кон границата со Полска. На влезот во западниот град Лвов колоната возила која се обидува да влезе во градот е долга десетици километри. Оксана, жителка на Киев која беше заглавена во сообраќајот заедно со својата тригодишна ќерка, вели дека одлучила да бега „затоа што започнала војна. Путин не нападна“.
„Се плашиме од бомбардирање. Кажете им: „не смеете да го правите ова. Ова е страшно“.
Украинските власти го затворија воздушниот простор за цивилни летови, додека европскиот регулатор предупреди да не се лета над пограничните региони со Русија и Белорусија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град