Речиси 2 милијарди долари изнесува буџетот за последната руска вселенска програма, чија единствена задача ќе биде да ја зачисти Земјината орбита од метеорити и отпадоци од околу 600 сателити со поминат рок кои гравитираат околу планетава.
Руската ракетно – вселенска корпорација најави дека проектот треба да биде завршен од 2020-та до 2023-та а откако сателитот ќе биде готов и лансиран, ќе му бидат потребни 10 години за да ја заврши работата и да ги собере поголемите вселенски отпадоци.
Леталото ќе работи на нуклеарен погон а руските астрономи кои предвидуваат дека сателитот ќе функционира околу 15 години, се надеваат дека ќе го најдат и загубениот Еутелсат WB3, кој го загубија веднаш по неодамнешното лансирање.
Тамошните експерти соопштија дека работат и на вселенски пресретнувач, чија цел ќе биде да уништува опасни објекти како комети и метеори кои се упатуваат кон Земјата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град