Русите произведоа вакцина за заштита од радијација

Руски научници од Владикавкаскиот научен центар РАН, произведоа единствена вакцина која го неутрализира влијанието на радијација на живи организми, а најверојатно ќе се користи за спасувачите кои помагаа во несреќата во „Фукушима“ во Јапонија.

 |  Маја Савиќ  | 
vakcina
вакцина

Руски научници од Владикавкаскиот научен центар РАН, произведоа единствена вакцина која го неутрализира влијанието на радијација на живи организми, а најверојатно ќе се користи за спасувачите кои помагаа во несреќата во „Фукушима“ во Јапонија.

vakcinaЗа вакцината, која е во завршна фаза на испитување, заинтересирани се и јапонски експерти бидејќи овој препарат делува во случај кога концентрацијата на радијација во воздухот е дури илјада пати поголема од дозволената граница, пренесе Гласот на Русија.

Според началникот на одделението за биотехнологија на Владикавкаскиот центар професор Вјачеслав Малијев, вакцината е правена во соработка со националната аеровселенска агенција на САД и испитувањето е во завршен стадиум.

На научните испитувања во Северна Осетија радиобиолозите од НАСА се приклучија во 2006 година, по експерименталните споредби на руската и американската вакцина.

Експериментални животни добивале доза на зрачење, по која не би можеле да преживеат по една недела. Тие кои биле вакцинирани со американско средство умреле четвртиот ден, а животните кои добиле руски препарат преживеале. Два месеца подоцна во нивните организми не биле откриени никакви пореметувања.

Следните фази на испитување на вакцината, како на животни така и на човечки клетки, се вршеа заеднички и ја потврдија делотворноста на препаратот.

Вакцината делува во случај на надминување на дозволената граница на радијација од над 1000 пати, тврдат научниците од Владикавказ, но за сега не станува збор за нејзина клиничка примена.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top