Романтичната прошетка на Саркози разбесна 10 илјади туристи

Францускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни разбеснеа повеќе од 10 илјади посетители на храмот на вечната љубов Таџ Махал кои беа буквално исфрлени од обезбедувањето за првиот пар на Франција да ужива во прошетката.

 |  Маја Савиќ  | 
Sarkozy i Bruni Taj Mahal
Саркози и Бруни во Таџ Махал

Францускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни разбеснеа повеќе од 10 илјади посетители на храмот на вечната љубов Таџ Махал кои беа буквално исфрлени од обезбедувањето за првиот пар на Франција да ужива во прошетката.Sarkozy i Bruni Taj Mahal

Иако посетата била закажана како претпладневна, Саркози и Бруни се предомислиле во последен момент и одлучиле најголемиот споменик на љубовта да го разгледаат за време на зајдисонцето. Наглата промена на планот на Саркози ги вознемирила безбедносните служби кои имале само час да смислат како да исфрлат повеќе од 10 илјади туристи кои во моментот биле во Таџ Махал. Иако нормалната процедура предвидувала три часа за празнење на храмот, овој пат посетителите имале само 30 минути да излезат, што според присутните, предизвикало паника и стампедо меѓу туристите. Неколку илјади посетители се пожалија дека и покрај купениот билет не успеале ниту да влезат во храмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top