Голем број патишта во централниот и северниот дел на Романија денеска беа блокирани поради обилни снежни врнежи и паднати дрвја, соопшти информативниот центар на романската полиција. На некои места снежната покривка достигна висина и до 70 сантиметри.
Населено место во округот Ковасна остана без електрична енергија, откако паднати гранки ги прекинале жиците на далноводот. Ограничено е движењето на некои национални патишта во истиот округ за тешки товарни возила и автомобили без зимска опрема.
Во северниот округ Сучава движењето е отежнато, но не е блокирано. Службите за расчистување на снегот од патиштата активно работеле во текот на целата ноќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град