Гувернерот на Националната банка на Романија, Мугур Исареску изјави дека е можно неговата земја да склучи нов стенд-бај договор за заем од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Гувернерот на Националната банка на Романија, Мугур Исареску изјави дека е можно неговата земја да склучи нов стенд-бај договор за заем од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Тој не можеше да посочи конкретни бројки, но оцени дека сумата од 30-40 милијарди евра, дадена од странски аналитичари, е „превисока“.
ММФ неодамна ја предупреди Романија дека може да падне во рецесија, бидејќи нејзината економска нестабилност е зголемена поради високиот трговски и фискален дефицит. Владата си постави цел да го ограничи дефицитот до два процента од бруто домашниот производ во текот на оваа година.
Властите, исто така, прогнозираат невработеноста во земјата да се зголеми повеќе од пет проценти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град