„Роденденски“ самит на НАТО

Во германското монденско одморалиште Баден-Баден, под исклучително зајакнати мерки за безбедност денеска почнува „роденденскиот“ самит на НАТО, на кој ќе се одбележи 60 годишнината од постоењето на Алијансата.

 |  Крсте Голабовски  | 
samit
самит

Во германското монденско одморалиште Баден-Баден, под исклучително зајакнати мерки за безбедност денеска почнува „роденденскиот“ самит на НАТО, на кој ќе се одбележи 60 годишнината од постоењето на Алијансата.

 

Шефовите на државите или владите на 28-те членки на Алијансата ќе дискутираат за иднината, реформите и новата стратегија на НАТО, за Авганистан, односите со Русија, Балканот и други актуелни прашања.

Самитот, на кој ќе учествуваат лидерите на 28-те земји-членки, меѓу кои и двете новопримени, Хрватска и Албанија, за прв пат во својата историја ќе биде одржан во две држави, Германија (Баден-Баден и Кел) и Франција (Стразбур). Домаќини на овој собир се германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози.
Одржувањето на самитот во две земји се оценува како симбол на заедништво, но некои германски медиуми јавуваат дека првобитната идеја била собирот да се одржи само во Германија, но поради враќањето на Франција во воената структура на НАТО, се појавила идејата тој да се оддржи и во Стразбур.

Во Баден-Баден и Кел, германски погранични градови кон Франција, каде на мостот на Рајна, симбол на спојувањето и растот на Европа, ќе се сретнат домаќините и учесниците, се преземени исклучително зајакнати мерки за безбедност.
За безбедноста на шефовите на државите или на владите на 28-те членки и на околу 3.500 учесници ќе се грижат најмалку 15.000 полицајци, околу 600 војници од Бундесверот. Обезбедувањето ќе ги користи „сите чуда“ на најсовремената технологија од познатите „авакси“ за надгледување од воздух, до камери, детектори и друга техничка опрема.
Доаѓањето на претседателот на САД Барак Обама предизвика најголемо медиумско и политичко внимание. Медиумите пишуваат дека покрај делегацијата од околу 500 луѓе претседателот со себе ќе ги донесе  и своите лекари, готвачи, својот автомобил и хеликоптер, санитарно возило, резервна крв.

Angela MerkelОдносите со Русија, идната одбранбена стратегија на меѓународната заедница и новата американска статегија за Авганистан би требало да бидат доминантните теми на самитот, на кој Обама ќе ги изнесе американските ставови по овие прашања.
Собирот на светските моќници ќе биде проследен и со демонстрациите на противниците на НАТО и на глобализацијата.
Германија позната по добрата и рационална организација се подготвува да ги дочека и почести гостите со најразлични специјалитети. Што ќе се најде на трпезата на најмоќните политичари на светот не е познато, но се знае дека шефовите на државите или на владите ќе вечераат одвоено од министрите, пишуваат германските весници.

Познато е дека главен готвач ќе биде Мартин Херман, познат по специјалитети на германско-баденската кујна со примеси на француската и дека вечерата ќе биде составена од јадења со „силен регионален карактер“.

Познавачите и гурманите кога велат „баден-виртембершката кујна“, која се смета за најдобра во Германија, мислат на срнечки грб со сланина, прелиен со солена павлака и послужен со пржени круши и боровница, на бело и црвено месо, најразновидни вина, супа од полжави, специјалитети од тесто, позната Шварцвелдер торта со вишни.
За самитот се акредитирани повеќе од 3.500 новинари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top