Ривалот на Саркози доби брашно во лице

Жена фрли брашно врз кандидатот на социјалистите на француските претседателски избори, Франсоа Оланд, за време на говор во Париз.

 |   | 
brasno
брашно врз претседателскиот кандидат

Жена фрли брашно врз кандидатот на социјалистите на француските претседателски избори, Франсоа Оланд, за време на говор во Париз.
brasno
Телохранителите притрчаа да го заштитат кандидатот а напаѓачката беше отстранета, и потоа симната од говорницата, јавува Франс 24.
Оланд, целиот покриен со бел прав, остана прилично смирен за време на нападот.

Жената се вика Клер Сегвин, има 45 години и живее во Лил. Таа непосредно пред нападот извикувала дека била „малтретирана од страна на социјалистите во родниот град“, јавува весникот Ле Фигаро.

Оланд преку твитер порачал дека „ништо не ја оправдува ваквата реакција“.

„Има поинакви начини да се искаже несогласувањето. Јас останувам постојано отворен за дијалог“, напишал Оланд на твитер.

Во јавноста се појавија и информации дека куршум и заканувачки писма ѝ биле испратени на претседателската кандидатка на Зелена Франција, Ева Жоли.

Куршумот бил испратен минатиот месец, додека заканувачки писма пристигнувале постојано, според менаџерот на нејзината кампања, Стефан Гомез.

„Добиваме прилично националистички писма од екстремните десничари“, додал тој за француското национално радио.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top